Достапни линкови

20 години од српскиот „5 октомври“


Архивска фотографија од 5-октомвриските демонстрации во Србија

Денеска се навршуваат 20 години од големите демонстрации во Белград на 5 октомври 2000 година, со кои заврши владеењето на Слободан Милошевиќ, но официјалното одбележување на годишнината не е најавено ниту од политичките партии кои учествуваа во организацијата на демонстрациите.

Демонстрациите во Белград избија откако Милошевиќ одби да ги признае резултатите од изборите за претседател на СР Југославија. На изборите на 24 септември 2000 година, Милошевиќ загуби од кандидатот за ДОС и лидер на Демократската партија на Србија (ДСС) Воислав Коштуница. На 5 октомври демонстрантите пристигнаа на платото пред тогашното Сојузно собрание, а денеска Народно собрание, од цела Србија, во колони од автомобили, автобуси и камиони долги десетици километри, со булдожери пробивајќи ги полициските блокади.

Претпладнето полицијата употреби солзавец за да ги спречи демонстрантите да влезат во Собранието, но безуспешно. Зградата на собранието беше демолирана и запалена, како и зградата на РТС. Полицијата наскоро престана да се спротивставува и им се придружи на граѓаните. Вечерта на 5 октомври 2000 година, новиот претседател на СРЈ, Воислав Коштуница им се обрати на граѓаните од терасата на Собранието на град Белград, а следниот ден, на 6 октомври, Милошевиќ го призна изборниот пораз и му честиташе на Коштуница.

XS
SM
MD
LG