Достапни линкови

Вучиќ ќе го соопшти мандатарот на новата српска влада


Serbia - President of Serbia Aleksandar Vucic at National Convention on the European Union in Belgrade. 3 October 2020

Српските медиуми најaвија дека денеска претседателот на државата и лидер на владејачката Српска напредна странка Александар Вучиќ на седница на Претседателството на партијата ќе ги соопшти предлозите за министри и мандатар на новата српска влада. Ова треба да биде првиот чекор кон формирање влада. Во Србија во меѓувреме конституиран е новиот Парламент, кој, како што најавуваат медиумите, оваа недела треба да го избере своето раководство.

Рама- Вучиќ да ја осуди изјавата на Вулин

Неодамна, српскиот претседател изјави дека верува оти новата влада ќе се формира пред крајот на септември, додека во средината на август кажа дека на членовите на неговата партија ќе им предложи два концепта за состав на новата влада: проста коалиција со една политичка партија, а вториот концепт е одреден вид на концентрациона влада, поради најавениот нов бран од епидемијата со коронавирус, поради косовското прашање и излез од економската криза, “па за една или две години да одиме на парламентарни избори”. Претходните месеци медиумите убедливо најмногу шанси за мандатар и даваа на актуелната премиерка Ана Брнабиќ.

XS
SM
MD
LG