Достапни линкови

Баку тврди дека Ерменија врши ракетен напад, Ереван негира


Ерменија- Нагорно Карабах- Степанакерт по бомбардирањето, 04.10.2020

Азербејџанското министерство за одбрана денеска соопшти дека ерменските сили со ракети го напаѓаат Гања, вториот по големина град во земјата. Ерменија негира дека има директен оган од каков било вид кон Азербејџан, но де факто лидерот на отцепениот регион Нагорно Карабах рече дека неговите сили ја уништиле воената воздушна база во Гања.

Во соопштението објавено на нивната интернет страница, министерството за одбрана на Азербејџан наведува дека Гања, град во кој живеат околу 330 000 луѓе и неколку други области се под оган од рекетирање. Азербејџанскиот сервис на Радио Слободна Европа го цитира министерството кое најавува дека и тие преземаат одмазнички напади. Министерот за одбрана Закир Хасанов рече дека ракетирањето на азербејџанска територија од Ерменија е отворена провокација со која е проширува областа на борби. Цели на нападите, според министерот, се и азербејџанските градови Тертер и Горадиз. Тој додаде дека Азербејџан презема возвратни мерки не прецизирајќи какви. Репортерот на Агенцијата Франс Прес, пак, кој се наоѓа на терен јавува дека утрово се слушаат експлизии во Степанакерт, главниот град на Нагорнио Карабах.

„Азербејџанските сили напаѓаат цивилни цели во Степанакерт со ракети“, тврди ерменското министерство за одбрана.

Вчера азербејџанскиот претседател Илхам Алиев рече дека нивната војска зазема неколку села во борбите во Нагорно Карабах, нешто што не го потврдува ерменското министерство за одбрана кое соопшти само дека има тешки борби.

XS
SM
MD
LG