Достапни линкови

Силно невреме ги погоди Загреб и Подгорица


Илустрација

Загреб синоќа го зафати силно невреме, проследено со силен дожд и грмежи и град.Според снимките на читателите на „Јутарњи лист“, некои улици во градот се поплавени, а сообраќајот е отежнат.

Невреме го зафати и Јадранот. Европскиот центар за предвидување на појава и интензитет на бури Естофекс за денеска и вечерва го стави под втор степен подрачјето долж Јадранот. Тоа значи локално пообилни врнежи, можни поплави, пијавици на море, град, урагански ветрови, пишува Јутарњи.

Невреме со пороен дожд, град и силен ветер, пак, утрово ја погоди црногорската престолнина Подгорица, а делови од градот останаа без струја. Дирекцијата за вонредни состојби ги повика граѓаните да ги прилагодат активностите кон најавената метеоролошка состојба денеска, утре и во вторник, бидејќи се очекуваат нестабилни временски услови со врнежи од дожд, грмежи и силно, и повремени налети на силен јужен ветер, пренесува Вијести.

XS
SM
MD
LG