Достапни линкови

Времето денеска- облачно и натпросечно топло


Променливо облачно со сончеви периоди и натпросечно топло ќе биде денеска, покажува прогнозата на Управата за хидрометеорлочпки работи (УХМР). Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 30 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 30 степени.

XS
SM
MD
LG