Достапни линкови

Градоначалници на Штип и Пласница ќе се бираат на 13 декември


избори, гласање.

На 13 декември, недела, ќе се одржат избори за градоначалник во Штип и во Пласница.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска го потпиша Решението за распишување предвремени избори во овие две општини. Решението ќе го спроведат Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија и избирачките одбори, а влегува во сила со денот на објавување во „Службен весник“.

Доскорешниот прв човек на Штип Благој Бочварски сега е министер за земјоделство, а Исмаил Јохоски, кој беше градоначалник на Пласница, беше избран за пратеник. Должноста градоначалник на Штип сега ја врши Јане Миланов, а на Пласница Елсан Нурчески.

Редовните локални избори во Македонија треба да се одржат следната година, наесен.

XS
SM
MD
LG