Достапни линкови

Филипче по итниот состанок- Прво анализи, па потоа одлука за мерки против ковид-19


Венко Филипче, министер за здравство.

Викендов ќе се знае дали и какви мерки и во кои општини ќе се воведат, рече министерот Венко Филипче по итниот состанок со Комисијата за заразни болести, откако денеска беа регистирани 225 нови заразени со ковид-19.

По средбата Филипче за Сител телевизија изјави дека денеска и утре треба да се направи увид за начинот на трансмисија на вирусот во секоја општина посебно, по што ќе се знае дали и какви мерки ќе треба да се воведат.

Министерот рече дека денешната бројка на заразени е навистина висока бројка во однос на претходните денови.

Во последните 24 часа се направени 1694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19, а починати се шест пациенти. Ова е втора највисока бројка од 18 јули кога беа регистрирани 241 заразен со ковид-19.

XS
SM
MD
LG