Достапни линкови

Протести на гимназијалците во Дебар – Од понеделник најавија настава со физичко присуство


Протести на родители, наставници и ученици пред гимнацијата во Дебар.

По вчерашниот бојкот на онлајн наставата во дебарската гимназија „28-ми Ноември“, денеска се одржаа протести на кои учествуваа ученици, родители и наставници. Тие побараа од понеделник во гимназијата да се одржува наставата со физичко присуство, јавува дописникот на РСЕ од Дебар Кенан Мимидиноски.

Директорот на гимназијата Рамадан Имери изјави дека условите за настава со физичко присуство во гимназијата се целосно исполнети.

„За тоа беа информирани и инспекторите, но и министерката и другите релевантни институции, но добивме негативен одговор и одлука наставата да се изведува само онлајн“, рече Имери на протестот и додаде дека постигната е согласност со родителите и учениците од понеделник да започне наставата со физичко присуство. На оваа одлука на управата на гимназијата спротивно реагираа надлежните институции укажувајќи дека треба да се почитува одлуката на Комисијата за заразни болести и Министерството за образование и наука.

Градоначалникот на општината Хекуран Дука денеска уште еднаш за медиумите изјави дека одлуката на министерството треба да се почитува целосно. Градоначалникот Дука истото го побарал и од страна на управите на деветолетките целосно да ја почитуваат одлуката на Министерството и покрај тоа што во трите деветолетки наставата се спроведува во согласност со одлуката на Министерството комбинирано и тоа до трето одделение со физичко присуство, а другите одделенија настава онлајн.

XS
SM
MD
LG