Настаните на денот низ фотографии - 2 октомври 2020 година.
Позитивни и санкционирани

1
НАГОРНО КАРАБАХ - Ерменија вели дека е подготвена да се вклучи во мировни разговори преку ОБСЕ бидејќи меѓународните лидери продолжуваат да повикуваат на итен прекин на борбите со азербејџанските сили за отцепениот регион Нагорно-Карабах, поради загриженоста дека пожарот во насилството може да прерасне во целосна војна на регионалните сили.

2
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Државната комисија за спречување на морупција (ДКСК) утврди дека 12 пратеници од парламентраниот состав 2016-2020 година, по престанокот на функцијата не доставиле анкетен лист, а шест пратеници доставиле со задоцнување, соопшти денеска на прес-конференција, претседателката ДКСК, Билјана Ивановска. Анкетни листови не доставиле Неџбедин Таремани, Арта Точи, Зоран Георгиевски, Фадил Зендели, Ферид Мухиќ, Самка Ибраимоски, Илија Николовски, Амди Бајрам, Александар Филиповски, Диме Велковски, Џулумсер Касапи и Татјана Прентовиќ. Со задоцнување анкетните листови ги доставиле Реџеп Мемети, Борис Змејковски, Владимир Ѓорчев, Јохан Тарчуловски, Магдалена Манасковска и Лилјана Поповска.

3
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Во последните 24 часа се направени 1694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 и 6 починати, соопшти денеска Министерството за здравство, а министерот Венко Филипче бил на средба со Комисијата за заразни болести.

4
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска се јави на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Ахмети даде исказ во врска со предметот Попис кој го отвори поранешното СЈО, за потоа го презеде ОЈО за организиран криминал и корупција.