Достапни линкови

Владата ќе разгледа можност за намалување на ДДВ за струјата


Архивска фотографија од еден од граѓанските протести против одлуката на Регулаторната комисија за поскапување на струјата

Вредно е да се разгледа варијантата за намалување на данокот на додадена вредност кај електричната енергија од 18 на пет проценти, но треба да се направат калкулации и премсетки што тоа ќе значи за економската стабилност, финансиските ресурси на државата и изворите на помагање на македонското стопанство, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција со помошник-државниот секретар за енергетика и ресурси на САД, Францис Р. Фанон.

Владата веќе извесен период се соочува со барања од опозицијата и од граѓаните за намалување на цената на струјата по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за нејзино покачување за 7,4 отсто. неколку граѓански здуженија организираа десетици протести против покачувањето на струјата, а во два наврати и опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе на протестни маршеви.

„Се што е добро за граѓаните од старт ми е веднаш прифаталиво, но претседател сум на Влада и мора да пресметаме да знаеме што тоа значи секако за стабилноста економска на државата, финансиските ресурси на државата и изворите на помагање на македонското стопанство. И порано претседателот на Регулаторната комисија имал јавна порака да се разгледаат овие варијанти“, рече Заев.

Тој додаде дека стручните служби во Владата, пред се економските министри, ќе го разгледаат ова и ќе оформат заеднички став како Влада.

XS
SM
MD
LG