Достапни линкови

Првите 80 милиони евра помош од ЕУ стасуваат идната недела


Министерот за финансии Фатмир Бесими и евроамбасадорот Дејвид Гир

Првата транша од 80 милиони евра, од вкупните 160 милиони макрофинансиска помош од Европската Унија (ЕУ), за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот, ќе биде префрлена следната недела, беше посочено на првата официјална средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со амбасадорот на ЕУ во земјава Дејвид Гир.

Како што соопшти Министерството за финансии, дополнително, Унијата во рамки на Договорот за отпорност обезбеди 40 милиони евра, грант средства , кои ќе се наменат за нови бескаматни кредитни линии и грантови за поддршка на мали и средни компании, како и грант за поддршка на невработени лица.

„Евроинтеграциите ќе обезбедат можности за повисок раст. Ние сме максимално посветени на зацврстување на оваа стратешка определба. Ова е еден од фундаментите во евроинтегративниот процес“, рекол министерот Бесими на средбата, посакувајќи му успешен мандат на амбасадорот Гир и му се заблагодарил за безрезервната поддршка на патот во ЕУ, соопшти денеска Министерството за финансии.

XS
SM
MD
LG