Достапни линкови

Сирил Бoмгартнер - Нов амбасадор на Франција во Северна Македонија


Премиерот Зоран Заев и амбасадорот Кристијан Тимоние на прошталната средба, 25 Септември 2020

Советникот за надворешни работи, Сирил Бoмгартнер, е назначен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Франција во Република Северна Македонија, на местото на Кристијан Тимоние, кој е повикан на други функции, јави на МИА.

Назначувањето на Бомгартнер за амбасадор во Скопје беше официјализирано во Службениот весник на Франција. Тој досега извршувал повеќе функции, а една од нив е заменик генерален секретар за европски прашања во Кеј Д’Орсеј. Претходно бил и Прв советник во амбасадата на Франција во Бугарија.

XS
SM
MD
LG