Достапни линкови

Трамп и неговата сопруга Меланија имаат коронавирус


Претседателот на САД Доналд Трамп и првата дама Меланија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој и првата дама Меланија Трамп биле позитивни на ковид-19 и веднаш ќе се стават во карантин и ќе започнат со „процесот на опоравување“. Претходно Трамп на Твитер напиша дека тој и првата дама Меланија чекале резултати од тестовите бидејќи блискиот негов соработник Хоуп Хикс бил позитивен на ковид-19.

Од дебатата - Трамп и Бајден за коронавирусот

Хикс патувал со Трамп на првата претседателска дебата во Кливленд на 29 септември и на митинг во Минесота на 30 септември. Хикс претходно беше директор за комуникации во Белата куќа и повторно се приклучи на администрацијата оваа година пред изборите на 3 ноември. Во последните месеци, повеќе вработени во Белата куќа беа позитивни на вирусот, вклучително и Кети Милер, прес-секретар на потпретседателот Мајк Пенс, како и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан.

XS
SM
MD
LG