Достапни линкови

Регистрирани 194 нови случаи на коронавирус во Македонија


Илустрација: Здравствени работници пренесуваат заболен од ковид-19 во болница во Скопје

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани 194 нови случаи на коронавирус, а двајца луѓе починале. Направени биле 1697 тестирања, информира Министерството за здравство.

Најмногу нови случаи има во Скопје – 77, а потоа следуваат Тетово со 16, Прилеп 11, Кочани 10, Куманово и Струмица по 9, Битола и Радовиш по 6, Штип, Велес, Свети Николе и Гостивар по 5, Дебар, Струга, Кавадарци, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Виница по три, Охрид, Делчево и Кичево по двајца и по еден нов случај е регистриран во Гевгелија, Берово и во Неготино.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 158 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 17977, бројката на оздравени пациенти е 14959, на починати е 739, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2279.

XS
SM
MD
LG