Достапни линкови

Рускиот историчар Јуриј Дмитриев осуден на 13 години затвор


Рускиот историчар Јуриј Дмитриев

Рускиот историчар Јуриј Дмитриев, познат по своите дела за репресијата во сталинизмот, е осуден на 13 години затвор за сексуално злоставување на дете, соопшти Врховниот суд во Карелија, северозападна Русија. 64 годишниот историчар кој спроведе истражување со организацијата Меморијал за откривање масовни гробници на жртвите на сталинистички терор, беше уапсен во 2016 година под обвинение за детска порнографија и несоодветни фотографии на неговата посвоена ќерка. Тој тогаш рече дека фотографиите од голата девојка биле направени намерно за да ја следи како расте.

Непријателите на Кремљ со мистериозна судбина

Тој беше ослободен во 2018 година. Сепак, повисокиот суд ја оспори таа судска одлука, па историчарот се врати во судот со нови и посериозни обвиненија, за сексуално злоставување на дете. Организацијата Меморијал веднаш ја осуди пресудата на историчарот, наведувајќи дека вистинската причина за гонењето е неговата активност да го зачува споменот на жртвите на политичката репресија.

XS
SM
MD
LG