Достапни линкови

Спасовски: Јанкулоска спроведена по судска наредба и беше оставен простор да се подготви


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека постапката за спроведување на поранешната минситерка Гордана Јанкулоска во затворот Идризово била врз основа на наредба на судијата за извршување на санкции и врз основа на пресудата донесена од Врховниот суд. Според него, во наредбата било наложено веднаш да се приведе лицето кое треба да издржува казна затвор и така е постапено.

„Од човечки аспект е оставен одреден простор, значи не е веднаш после врачувањето на актот, од некаде половина час за да се подготви и да се постапи по наредбата, така беше наредбата од судот и така се постапи“, изјави Спасовски на ТВ 24.

Спасовски посочи и дека со оглед на тоа што домот на Јанкулоска се наоѓа веднаш до МВР имале поставено сили за набљудување.

„Се со цел да не дојдеме до една друга ситуација за да се напушти живеалиштето, односно територијата на градот Скопје, бидејќи по друг предмет има таква мерка на обезбедување“, додаде тој.

Јанкулоска вчера беше спроведена во Идризово за издржување на казна затвор од 4 години за случајот „Тенк“ за незаконската набавка на мерцедес во вредност од речиси 600 илјади евра за потребите на поранешниот премиер Никола Груевски.

XS
SM
MD
LG