Достапни линкови

Битиќи: Најмалку 145 милиони евра завршиле за помош на стопанството


Вицепремиерот Фатмир Битиќи

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска изјави дека најмалку 145 милиони евра досега завршиле кај стопанството со претходните пакети со мерки за помош на Владата. Според него, од нив 79 милиони евра биле искористени за субвенции на плати кои одеа кај компаниите, а во пресметката се и бескаматните линии, односно траншата од Европската инвестициска банка од 50 милиони евра.

Во претходниот сет економски мерки преку мерката за плати, како што наведе, Битиќи, биле поддржани преку 20 илјади компании кои вработуваат 120 илјади вработени.

Мерката ќе продолжи, како што информираше тој, а компаниите кои ќе прикажат пад од 30 до 40 проценти ќе добијат 14.500 денари поддршка, тие со пад од 40 до 50 проценти 15.955 денари поддршка, од 50 до 60 проценти 17.410 денари, од 60 до 70 проценти 18.865 денари, од 70 до 80 поддршка намален приход ќе добијат 20.320 денари, а тие со над 80 посто намален приход ќе добијат 21.776 денари поддршка за секое работно место.

Битиќи повтори дека обврската за исплата на плати е на работодавачот.

XS
SM
MD
LG