Достапни линкови

Полска депортирала 5 државјани на Таџикистан осомничени за тероризам


Илустрација.

Полските власти депортирале пет државјани на Таџикистан кои се осомничени дека имале врски со милитантната група Исламска држава и кои регрутирале државјани на Полска и Украина за да извршуваат терористички напади во Полска.

Радио Полска јави дека четворица од осомничените биле уапсени во мај, додека петиот осомничен кој избегал од државата во декември, бил уапсен со меѓународна помош.

Агенцијата за домашна безбедност соопшти дека петиот осомничен планирал да отпатува за Сирија за да и се приклучи на милитантната група и да развие близок контакт со член на терористичка организација со врски со Ал Каеда. На петмината таџикистански државјани им е забранет влез во Полска и во други земји од шенген зоната.

XS
SM
MD
LG