Достапни линкови

Борел: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија во ЕУ


Vисокиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел

Бидете уверени во мојата лична посветеност на интеграцијата на Северна Македонија во Европската унија. Со нетрпение го очекувам усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција, му напишал денеска високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел во писмо до вицепремиерот задолжен за европски интеграции, Никола Димитров, информираше Кабинетот на македонскиот вицепремиер.

„Вашата улога во успешните преговори, потпишувањето и ратификувањето на Преспанскиот договор, кој служи како пример за помирување во цела Европа, ќе остане траен дел од вашето наследство како министер за надворешни работи. Западниот Балкан е дел од Европа и знам дека ја споделувате мојата решителност да ја видам Северна Македонија, како и регионот во целина, како напредува во остварувањето на европската перспектива“, вели Борел во писмото до Димитров.

XS
SM
MD
LG