Достапни линкови

Министерот Османи во посета на Брисел


Бујар Османи

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи од денеска е во дводневна работна посета на Брисел, каде што ќе има средби со високи претставници на европските институции.

Во рамките на посетата, како што соопшти МНР, Османи ќе се сретне со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, како и со потпретседателката на Европската комисија задолжена за демократија и демографија, Дубравка Шуица.

Османи ќе има средба и со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, а предвидени се средби и со високи официјални претставници на Европскиот парламент и европарламентарци, меѓу кои и со известителот за Северна Македонија Илхан Ќучук.

Агендата на министерот Османи предвидува и средба со Мирослав Лајчак, посебен претставник на ЕУ за Западниот Балкан и дијалогот Белград – Приштина.

Клучна точка на разговорите ќе биде европското досие на Северна Македонија, се вели во соопштението од МНР.

XS
SM
MD
LG