Достапни линкови

Делегација на македонската влада на тркалезна маса во Солун


Илустрација, Солун

Заменик- претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши, денеска во Солун ќе учествуваат на тркалезна маса на тема: „Регионална енергетска безбедност и соработка“, што ја организира Федерацијата на индустрии на Северна Грција.

На настанот ќе учествуваат и државниот секретар на САД, Мајкл Помпео и министерот за развој, конкурентност, инфраструктура, транспорт и врски на Грција, Костис Хаѕидакис.

Предвидено е владината делегација да го посети и ИКТ технолошкиот парк во Солун и да има средби со неколку грчки компаниии, соопшти владината прес-служба.

XS
SM
MD
LG