Достапни линкови

Нови 148 случаи на ковид 19, тројца пациенти починале


илустрација

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на Ковид-19. Од нив најмногу заразени има во Скопје-50, Куманово-4, Дебар-2, Штип-2, Прилеп-9, Тетово-11, Велес-2, Битола-6, Кавадарци-6, Гостивар-3, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Кочани-18, Берово-11, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-5 и еден во Неготино.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти. Во болнички услови се починати 3 пациенти од Прилеп, Кочани и Гостивар.

Земјите во регионот разговараат за отворање на границите без тестови

Со најновата статистика вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.629, бројката на оздравени пациенти е 14.581, на починати е 725, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.323.

XS
SM
MD
LG