Достапни линкови

Расте бројот на новозаразени од коронавирус во Чешка


Карлов мост, Прага

Вкупно 1.985 нови случаи на коронавирус се пријавени од чешките власти, со што вкупниот број на инфекции во земјата достигна 63.294 , вклучително 31.815 активни случаи и 588 смртни случаи. Како резултат на моменталниот скок на случаи, баровите и рестораните низ целата земја мора да се затворат до 22:00 часот. Оваа мерка ќе остане на сила најмалку две недели.

Покрај оваа мерка, повеќе од 10 лица не може да бидат во истиот затворен простор. Ако повеќе од 10 лица се собираат во затворен простор, сите тие мора да носат маски, а секое лице мора да има означено седиште. Учениците од шесто одделение па нагоре треба да носат маски за лице во училниците.

Жешка корона есен во Чешка

Маските за лице станаа повторно задолжителни за сите затворени јавни простории од 10 септември. Туристите кои пристигнуваат од места каде епидемијата е сè уште раширена, мораат да покажат негативен тест за КОВИД-19 или да бидат во карантин по пристигнувањето во Чешка.

XS
SM
MD
LG