Достапни линкови

Променливо облачно време со услови за слаб дожд


Луѓе со заштитни маски и полиција во Градски парк во Скопје

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура се движи од 4 до 11 степени, а дневната од 14 до 25 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Утринската температура до 9 степени, а дневната до 22 степени.

XS
SM
MD
LG