Достапни линкови

Еден починат, 141 нови случаи на ковид 19


илустрација

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на Ковид-19. Од нив најмногу заразени има во Скопје-51, а потоа следуваат Куманово со 12, Штип-6, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-2, Велес-2, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-2, Гевгелија-5, Струмица-10, Крива Паланка-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-8 и по двајца во Кичево, Ресен и Неготино.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 94 оздравени пациенти. Во болнички услови е починат еден пациент од Скопје.

Филипче: Засега нема потреба од допoлнителни рестриктивни мерки

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.483, бројката на оздравени пациенти е 14.516, на починати е 722, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.245.

XS
SM
MD
LG