Достапни линкови

ООН повика на прекин на судирите во предградието на Триполи


илустрација

Обединетите нации (ООН) повикаа на итен прекин на борбите меѓу двете вооружени групи во Тајура, источно предградие на либискиот главен град Триполи. Во судирите загинаа најмалку три лица, а повеќемина се повредени.

Мисијата повика на итно прекинување на непријателствата, потсетувајќи ги сите страни за нивните обврски според меѓународното хуманитарно право, пренесе АФП.

Судирите со тешко оружје избувнаа на 24 септември и продолжија еден ден подоцна меѓу две групи лојални на Владата на националното единство, со седиште во Триполи, во станбените области на Тажура, предградие на околу 20 километри источно од главниот град. Жителите на Тажура за АФП изјавија дека борбите престанале.

Гутереш: Не може да има воено решение за конфликтот во Либија

Засега е непозната причината за конфликтот, но според локални извори, станува збор за несогласувања меѓу водачите на двете вооружени групи. ООН изрази загриженост за судирите, а мисијата на ООН ја нагласи итната потреба за реформа на безбедносниот сектор во Либија.

XS
SM
MD
LG