Достапни линкови

Пендаровски и Пахор гледаа показна вежба на армиските специјалци


Пендаровски и Пахор во Охрид

Претседателите на Северна Македонија и на Словенија Стево Пендаровски и Борут Пахор денеска во Охрид го посетија Кампот за обука на вода на АРМ од каде ја следеа показната вежба на припадниците на специјалните сили на Армијата.

На вежбата на која присуствуваше и началникот на Генералштабот на армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, беа демонстрирани постапки што се применуваат во ситуација на заложничка криза на пловен објект. Станува збор за операција со сценарио за ослободување заложници од пловен објект со препад.

Претходно Пендаровски и Пахор посетија некои од културно-историските знаменитости во Стариот дел на градот како црквата „Света Богородица Перивлепта“ со Галеријата на икони и катедралната црква „Света Софија“.

На првиот ден од официјалната посета вчера во Скопје претседателот Борут Пахор беше пречекан со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот Пендаровски, по што двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, заедничка прес-конференција и положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас. Словенечкиот претседател се обрати на седница во Собранието на Република Северна Македонија, а оствари и средби со претседателите на Собранието и на Владата, Талат Џафери и Зоран Заев.

Пахор: Не сум случајно тука. Да не се одлага меѓувладината конференција

Пахор јасно кажа дека меѓувладината конференција со која се означува почетокот на преговорите на земјава со ЕУ не смее да се одложи зашто тоа може да доведе до инерција на целиот процес кој потоа би траел долго време, а тоа, напомена, ќе ги загрози интересите на Северна Македонија, на регионот и на ЕУ.

XS
SM
MD
LG