Достапни линкови

Министерката за здравство на државата Викторија поднесе оставка


илустрација

Досегашната австралиска министерка за здравство Викторија Џени Микакос поднесе оставка по негативните реакции околу истрагата зошто биле ангажирани само чувари, а не полицијата или армијата во хотелите - карантини за заразените од коронавирус.

Како главна причина за вториот бран на корона вирусот од кој е најтешко погодена оваа земја, се наведуваат безбедносните пропусти во хотелите.

Државата Викторија пријави само еден починат во последните 24 часа, а бројот на нови случаи во Мелбурн, главниот град на Австралија, продолжува да опаѓа. Вкупниот број на жртви во таа држава е 782, а во цела Австралија 870. Денес се пријавени 12 нови случаи на заразени со коронавирус.

Мелбурн од денеска во 6-неделен корона карантин

Граѓаните на Мелбурн кои се под мерки за изолација повеќе од еден месец, чекаат олеснување на ограничувањата во понеделник. Се очекува тоа да вклучува постепено враќање на училиште за некои ученици и дозволени собири до пет лица од две домаќинства.

Микакос преку изјава ја потврди својата оставка, само еден ден откако премиерот Даниел Ендрус сведочеше во истрагата за хотелите карантини и укажа ана нејзината делумна одговорност и улога во програмата за карантин.

XS
SM
MD
LG