Достапни линкови

Навални до пилотите и лекарите: вие сте добри луѓе


Алексеј и Јулија Навални, фотографија објавена на инстаграм

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални им се заблагодари на руските пилоти и на лекарите за брзата реакција кога падна во кома за време на летот од Сибир.

Навални, на кого му се слоши на 20 август во авион за Москва, по што беше во кома скоро три недели, на Инстаграм напиша дека пилотите „брзо слетале во Омск“ и дека лекарите на аеродромот „му инјектирале доза атропин“ препознавјќи „труење со отровна материја“.

„Ви благодарам, непознати пријатели со добро срце. Вие сте добри луѓе”, напиша 44-годишниот политичар.

Навални помина 48 часа во болница во Омск, а потоа беше префрлен во болница во Берлин. Германски експерти за хемиско оружје објавија дека утврдиле дека Навални е отруен со нервниот агенс „новичок“, а тоа го потврдија и лабораториите во Франција и во Шведска.

Руски извршители му го запленија станот на Навални

Навални излезе од болница, последиците од труењето уште не можат да се утврдат

Навални, најголемиот противник на рускиот претседател Владимир Путин, беше пуштен од болница неделава. Неговиот тим за труењето го обвинува Кремљ, чии претставници ги негираат обвинувањата.

XS
SM
MD
LG