Достапни линкови

Воен авион се урна во Украина, најмалку 22 мртви


илустација

Најмалку 22 лица, вклучително и кадети на воздухопловните сили, загинале кога воен транспортен авион се урнал во источна Украина, соопшти војската. Авионот Антонов Ан-26 во кој имало 27 членови на екипажот и кадети се урнал при слетување во североисточниот дел на регионот Карков, соопштија украинските воздушни сили. Двајца мажи успеале да ја преживеат несреќата и се лекуваат во болницата, додека судбината на уште тројца сè уште не е позната. Акциите за пребарување и спасување се во тек.

Украинскиот патнички авион бил соборен со две ирански ракети

Војската соопшти дека повеќето загинати се питомци на Националниот универзитет за воздухопловство во Карков. Медиумите јавуваат дека почна истрагата за тоа што ја предизвикало несреќата.

„Формирана е државна комисија за да ги открие сите околности и причините за оваа катастрофа“, изјави претседателот Владимир Зеленски.

Се очекува денеска Зеленски да го посети местото на несреќата.

XS
SM
MD
LG