Достапни линкови

Времето денеска променливо облачно, ветровито и дождливо


илустрација

Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито и со повремени врнежи од дожд. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на локално невреме со пообилни врнежи, грмежи, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд проследени и со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 23 степени.

XS
SM
MD
LG