Достапни линкови

Двајца српски пилоти загинаа при пад на воен МиГ-21


Миг-21 на српското воено воздухопловство

Двајца пилоти на Военото воздухопловство на српската армија загинаа утрово при пад на авион МиГ-21 во близина на Мали Зворник додека извршувале летачки задачи, потврди Министерството за одбрана. Српското Министерство за одбрана соопшти дека авионот „Миг-21“ што се урна бил прегледан во согласност со сите процедури, а по увидот утврдено е дека е исправен и подготвен за лет. Министерството за одбрана соопшти дека надлежните истражни органи се на местото на авионската несреќа и оти истрагата е во тек.

XS
SM
MD
LG