Достапни линкови

Власта го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ опозицијата да предлага јавен обвинител


Илустрација - Седиштето на Јавното обвинителство во Скопје

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска изјави дека не е прифатлив предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за главниот јавен обвинител да се бира од редовите на опозицијата.

„Обвинителот не треба да се бира со политички договор. Согласно процедурата и Уставот, Владата го предлага, а Собранието го избира главниот обвинител со апсолутно мнозинство. За да се промени таа процедура треба да се промени Уставот. Сметаме дека не е време за тоа“, изјави денеска Маричиќ.

Предлогот Јавниот обвинител да се избира на предлог на опозицијата минатата недела го изнесе Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, од каде веднаш реагираа на денешната изјава на Маричиќ дека „власта е мафија која сака свој обвинител“.

„На мафијата на власт предводена од Зоран Заев им чини послушен јавен обвинител за да не се реагира за криминалот на Заеви“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, во денешната реакција на изјавата на министерот за правда, Маричиќ.

XS
SM
MD
LG