Достапни линкови

Останете на европскиот пат, порача Тимоние на заминување


Премиерот Зоран Заев и амбасадорот Кристијан Тимоние на прошталната средба, 25 Септември 2020

Францускиот амбасадор во Северна Македонија, Кристијан Тимоние, денеска, на прошталната средба со македонскиот премиер Зоран Заев го повторил ставот на францускиот претседател Франсоа Макрон, дека гледа капацитети во Северна Македонија за европските интеграции и му порачал на Заев државата да остане на европскиот пат, соопштија од Владата.

„Покажавме дека имаме капацитети да носиме одлуки со коишто државата оди напред. Сега сме силно посветени на борбата против криминалот и корупцијата и владеењето на правото, што е потребно во европските интеграции, но и за нашите граѓани, кои очекуваат да ги обезбедиме европските стандарди дома“, рекол Заев на средбата со Тимоние.

XS
SM
MD
LG