Достапни линкови

Мерките од четвртиот економски анти-корона сет ќе се знаат в недела


Архивска фотографија - Премиерот Зоран Заев на владина седница

Денеска се одржуваат последните консултации на економскиот тим министри со претставници на коморите, за утре е закажан состанок на вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со Економско социјалниот пакет и во недела Владата треба да одлучува на седница закажана за во 10 часот. Тогаш Владата ќе ги објави мерките од четвртиот пакет, информираше денеска премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Љуботен, наведувајќи дека со ова се затвораат дебатите за развој на мерките.

Премиерот појасни дека мерките се однесуваат на период до крајот на годината и оти дел ќе се носат преку одлуки на Влада, еден дел треба да поминат во Собранието, бидејќи, како што рече, сега не се носат со уредби на Владата како што беше претходно во постоењето на вонредната состојба.

„Верувам дека ќе опфатиме мерки за трите месеци од годината и оти имаме простор до 15 октомври да ги донесе Парламентот“, рече Заев.

Според него, буџетот е во кондиција и во моментот Владата е фокусрана кон поддршка на економијата, работните места и посиромашните граѓани, затоа што, како што рече, само така може да очекуваме идни приходи во буџетот, со задржување на работните места.

Засега мерките се предвидени за до крајот на годината, а за нови ќе се разговара во декември.

XS
SM
MD
LG