Достапни линкови

Преговорите Белград- Приштина продолжуваат в понеделник


Мирослав Лајчак

Специјалниот претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, најави нов круг преговори на експертско ниво в понеделник, на 28 септември.

Лајчак информира дека главните преговарачи на Белград и Приштина ќе разговараат за финансиските побарувања и имотите, но не и за Заедницата на српски општини.

„Заедницата на српски општини нема да биде на дневен ред, бидејќи едната страна не е подготвена да разговара за тоа. Тоа прашање мора да се реши како дел од сеопфатен договор, како што беше договорено на лидерската средба “, напиша Лајчак на Твитер.

XS
SM
MD
LG