Достапни линкови

Времето сончево, од утре дожд и постудено


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има зголемена облачност со врнежи од дожд.

Утринската температура се движи од осум до 15, а дневната ќе биде од 20 до 31 степен.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура достигна до 13, а дневната ќе биде до 28 степени.

Од утре до понеделник ќе бидеме под влијание на изразена циклонска активност со чести продори на влажни бранови. Времето ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд, особено утре (над 30 л/м2), кои на места ќе бидат поројни, со грмежи и силен ветер (над 80км/ч.). Температурата значително ќе се намали.

XS
SM
MD
LG