Достапни линкови

Златан Ибрахимовиќ позитивен на ковид-19


Златан Ибрахимовиќ

Италијанскиот фудбалски клуб Милан соопшти дека 38-годишниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ e позитивен на ковид-19. Од фудбалскиот клуб информираат дека Ибрахимовиќ е ставен во домашен карантин и дека ги информирале здравствените власти.

Фудбалерот ќе го пропушти денешниот натпревар од Лига Европа со тимот на Бодо/Глимт.

Информацијата за Ибрахимовиќ, доаѓа на еден ден откако беше објавено дека неговиот соиграч Лео Дуарте има позитивен тест, но сепак од фудбалскиот клуб Милан рекоа дека остатокот од тимот е тестиран и дека сите други тестови се негативни.

XS
SM
MD
LG