Достапни линкови

Нови 152 случаи на ковид 19, починале двајца пациенти


Нови 152 случаи на заразени од ковид-19 од направени 1630 тестирања се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти Министерството. Во болнички услови се починати две лица, пациент од Охрид (77г) и пациент од Радовиш (62г).

Од новите случаи најмногу има во: Скопје-58, потоа следат Кочани со 18 и Струмица со 14 новозаразени. Во Гевгелија и Струга по шест, во Куманово, Штип, Тетово и Битола се регистрирани по пет новодијагностицирани, во Прилеп, Берово и Валандово по четири нови случаи. Во Охрид, Делчево и Свети Николе по 3, по два во Дебар, Кавадарци и Кичево и по еден во Гостивар, Пробиштип и Велес.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17200, бројката на оздравени пациенти е 14312, на починати е 712, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2176.

XS
SM
MD
LG