Достапни линкови

Врховен ја потврди затворската казна за Кочан


Сеад Кочан на изрекувањето на пресудата за „Труст“

Бизнисменот Сеад Кочан останува во затвор, откако Врховниот суд ја потврди одлуката на Алепациониот суд со која тој е осуден на казна затвор од четири години и осум месеци. Во денешното соопштение од Врховен суд се наведува дека одлучувале по предметот поднесен од бранителите на Кочан, по што одлучиле да ги одбијат барањата како неосновани и ја потврдуваат пресудата на Апелациониот суд Скопје.

Бизнисменот Сеад Кочан е осуден за случајот „Труст“, на сега веќе затвореното Специјално јавно обвинителство. Случајот „Труст“ се однесува на манипулации за добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра со прикажување лажна документација. Тој веќе една година отслужува затворска казна.

XS
SM
MD
LG