Достапни линкови

За Грција целосен карантин не е опција


Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас вели дека Грција се наоѓа во клучна фаза во справувањето со пандемијата. Тој вели дека Грција има подобра епидемиолошка слика од многу други земји и дека иако бројот на новите случаи е висок, сепак се стабилизира. Тој на редовниот брифинг со новинарите рече дека општ карантин, како мерка не е на маса.

За попладнево е планирано грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да упати видео порака до граѓаните за коронавирусот, но во никој случај нема да говори за карантин или пак за некоја дополнителна мерка, вели Пецас.

Пецас објасни дека мерките што се воведуваат треба да се едноставни, лесни за спроведување и контролирање за да постои доверба кај граѓаните.

XS
SM
MD
LG