Достапни линкови

Шекеринска: Отворање на НАТО пазарот за македонските компании


Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска

Отворање на НАТО пазарот за македонските компании чиј годишен износ е околу четири милијарди долари, стабилен раст на одбранбениот буџет, клучна модернизација на Армијата, инвестиции во армиските капацитети..., најави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, при презентацијата на приоритетите на Министерството за одбрана во претстојниот мандат.

„Членството во НАТО е печатот на првиот мандат, но и на влезеницата за ЕУ во вториот. Нашата заложба е да покажеме дека не ја држиме фотелјата во НАТО само формално, туку седиме на тоа столче затоа што другите сојузници можат да сметаат на нас и ние на нив“, рече денеска министерката Шекеринска.

Таа додаде дека за отворање на НАТО пазарот за македонските компании, ќе биде воспоставен центар за нивна поддршка при настап на тендери на Алијансата. Во првата година, потенцира таа, ќе се работи да се обезбеди комуникација меѓу наште компании, комори и релевантните Агенции на НАТО. Шекеринска најави дека во наредбиот период ќе биде обезбедено стабилно финансирање на Армијата, согласно долгорочните планови.

XS
SM
MD
LG