Достапни линкови

Русија со список на претставници на ЕУ на кои им е забранет влез


Илустрација- руското знаме зад знак стоп

Официјална Москва денеска соопшти дека го проширува списокот на европски официјални претставници на кои им е забрането влегување во земјата како одговор на тоа што тие го нарекуваат непријателски чекори против Русија и нејзините граѓани.

Во соопштението на руското министерство за надворешни работи не се прецизира кои точно се реципрочните мерки, но се наведува дека на бројот на официјални претставници на ЕУ на кои ќе им биде забранет влез во Русија е ист како и на европската листа на која има Руси на кои им е забранет влез.

Русија и ЕУ имаат разлики во врска со обвинувањата за руско мешање во изборите во западните земји, руската анексија на Крим од Украина во 2014 година, сомнежи за атентати и обиди за атентати во западна Европа и последниот случај со наводното труење на рускиот опозиционер Алексеј Навални.

XS
SM
MD
LG