Достапни линкови

Пет починати, нови 183 заболени од Ковид19


Архивска фотографија- Тестирање за Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи со Ковид-19 информира Министерството за здравство. Од нив најмногу новозаболени има во Скопје -51, а двоцифрени бројки новозаболени има и во Прилеп-15, Тетово-13 и Кочани-20.

Починати се пет пациенти од кои по еден од Скопје, Дебар, Крива Паланка, Радовиш и Кочани. Сите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти.

Со ова вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 17.049, бројката на оздравени пациенти е 14.186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.153.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов најмногу активни случаи има во Скопје 598, во Прилеп 127, во Тетово 178, Гостивар 107, Струмица 122 и Кочани 117. Од скопските општини прва на листата е Аеродром со 86, а по неа следуваат Центар со 83 и Гази Баба со 74.

XS
SM
MD
LG