Достапни линкови

Ајфеловата кула евакуирана, нема потврда за „бомба“


Полиција пред Ајфеловата кула, 23 септември 2020

Париската Ајфелова кула е евакуирана, изјави денеска портпаролот на компанијата што ја управува, потврдувајќи го извештајот даден од безбедносен извор, јави Ројтерс.

Компанијата одби да коментира зошто кулата е евакуирана и не може да потврди дали има закана од бомба, како што претходно објавија некои медиуми. Според дел од француските медиуми, полициски тимови за бомби го пребаруваат целото подрачје околу кулата откако полицијата примила анонимна дојава за поставен експлозив.

XS
SM
MD
LG