Достапни линкови

Дачиќ: На ЕУ ѝ недостасува железна тупаница


Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ оцени дека сега може да се види дека решението за Косово е во некаква комбинација на Дејтонскиот договор и договорот од Вашингтон и дека „на Европската унија ѝ недостасува железна тупаница“, јави МИА од Белград.

„Ние не бегаме од политичко решение“, изјави Дачиќ.

Тој за државната РТС рече дека „смета оти следниот чекор е да видат кои се можните политички решенија и да се оди на тоа дека мора да се прифати некое праведно решение за ова прашање, во спротивно, тоа нема да може да се направи само со економијата“, пренесе МИА.

Според него, без оглед каде ќе се одвива политичкото решение, се мора да се реши во Советот за безбедност на ОН и дека е невозможно тоа да се реши без големите земји – САД, Кина, Русија, но и Франција и Германија.

XS
SM
MD
LG