Достапни линкови

Фокусирајте се на владеење на правото, ѝ порача Гир на Владата


Евроамбасадорот Дејвид Гир

Клучната област на која Северна Македонија треба да се фокусира во наредниот период е владењеето на правото, порача новиот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир, по денешниот состанок со премиерот Зоран Заев.

Гир додаде дека ова поглавје ќе биде прво отворено при преговорите со Европската унија, но и последно затворено. Според евроамбасадорот, освен ова, ЕУ ќе обрне големо внимание уште на неколку други важни области.

„Одржувањето на демократијата, почитувањето на човековите права, животната средина и секако добрососедските односи треба да бидат во фокусот на новата влада“, рече Гир на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер.

Премиерот Заев изјави дека намерата на Владата е да ја активира брзата трака на преговорите по поглавје со целосно и безусловно исполнување на македонската ЕУ-агенда и дека Северна Македонија нема да дозволи причини за нови одлагања. Осврнувајќи се на последните случувања со Бугарија и можната блокада, премиерот рече дека очекува до ноември да биде најдено решение за спорните прашања со источниот сосед.

Очекувањата на евроамбасадорот Гир се, како што истакна, до крајот на годинава, под германското претседателство, да биде одржана и првата меѓувладина конференција, која всушност го означува и почетокот на преговорите со ЕУ.

XS
SM
MD
LG