Достапни линкови

Конститутивна седница на црногорскиот парламент


Зградата на парламентот на Црна Гора

Денеска во Подгорица ќе биде одржана конститутивна седница на новиот состав на Парламентот на Црна Гора. На првата седница по парламентарните избори, одржани на 30 август, ќе бидат избрани новиот претседател и потпретседатели на Парламентот на Црна Гора, како и претседателот и членовите на Административниот одбор, собраниско работно тело задолжено за избори и именувања.

Според наводи од црногорскиот Парламент, претходно ќе треба да се усвојат извештајот на Државната изборна комисија за резултатите од парламентарните избори и заверените мандати на пратениците.

Државната изборна комисија на Црна Гора ги објави конечните резултати од парламентарните избори на 14-ти септември, според кои три опозициски коалиции освоија 41 место, додека досегашното владејачко мнозинство има 40 места во новиот состав на црногорскиот Парламент.

По конститутивната седница на парламентот, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, е должен да закаже консултации со претседателите на парламентарните партии, со цел да предложи мандатар за состав на новата Влада на Црна Гора, најдоцна за 30 дена.

XS
SM
MD
LG