Достапни линкови

Времето променливо со дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура е во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, во делови од Скопската котлина со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура се спушти до 11, а максималната ќе достигне 26 степени.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со попладневна нестабилност и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има в петок. Под влијание на влажен бран за време на викендот, особено в сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во следните денови ќе дува умерен до засилен јужен ветер, поинтензивен в сабота.

XS
SM
MD
LG