Достапни линкови

Гутереш предупредува за „предизвиците што следуваат“


Антонио Гутереш - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) на 75-годишнината од постоеето на ОН. 22.09.2020.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш го отвори свикувањето на светските лидери, кое се одржуваше главно онлајн, со апел за мултилатерализам и предупредување за „предизвиците што следуваат“ на одбележувањето на 75-годишнината од постоеето на ОН.

Во своето обраќање на 22 септември, Гутереш рече дека „епохалната“ криза од коронавирусот, во која животот го загубија скоро еден милион луѓе во светот, го „доведе светот на колена“ и дека тоа е „пробна облека за предизвиците во светот кои доаѓаат“.

Тој исто така ја предупреди меѓународната заедница да не дозволи „нова Студена војна“ меѓу САД и Кина.

„На светот му треба глобален прекин на огнот за да ги запре сите жешки конфликти. Во исто време мора да сториме сè за да избегнеме нова студена војна“, рече Гутереш.

Овогодинешната дебата на ОН беше комбинација од претходно снимени изјави презентирани „како во живо“ и говори на лидери кои беа одржани од претставници присутни во седиштето на ОН во Њујорк.

На оворањето, кое вообичаено е исполнето со околу 2.500 дипломати и великодостојници, сега во големата сала присуствуваа само неколку стотини претставници.

Првио говорник, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, изрази жалење за загубата на животи во светот од пандемијата на коронавирусот и рече дека тој бил мета на „брутална кампања на дезинфорамции“ за неговото управување со дождовната шума Амазон.

Критичарите велат дека неговата влада придонела за масовни пожари и нвидени намалувања на дивиот свет.

Следен се појави американскиот претседател Доналд Трамп во видео обраќање во живо, во кое тој цитираше дека постои „голема глобална борба против невидлив непријател – кинескиот вирус“ – повикувајќи се на етикетата за коронавирусот која ги налути Пекинг и Светската здравствена организација (СЗО).

Трамп се откажа од глобалниот Договор за климата од 2015 година, од нуклеарниот договор со Иран и ги напушти Советот за човеко

Трамп аргументираше дека ОН „мора да бара одговорност од Кина за нејзините постапки“ во однос на пандемијата на коронавирусот.

Тој ги обвини кинеските власти дека ја заклучиле сопствената земја, додека дозволувале меѓународни летови на почетокот на епидемијата.

Три вакцини во САД се во завршна фаза на клинички испитувања, рече тој ветувајќи дека „ќе го победи вирусот“ пред да го врати просперитетот на земјата.

XS
SM
MD
LG